Достапни линкови

Џонсон-Русија ризикува да стане "отфрлена" држава


Новиот британски министер за надворешни работи Борис Џонсон рече дека Русија ризикува да стане “отфрлена” држава поради нејзините воздушни напади врз сириски цивилни цели.

Тие ќе фрлат една бомба и потоа чекаат да дојдат хуманитарните работници, да им помогнат на повредените цивили и пет минути подоцна да фрлат ушт една бомба, рече Џонсов во интервју за британскиот весник Сан.

“Имаме докази и добра основа за верување дека Русите сами го правеле тоа. Се обидуваме целосно да го документираме бидејќи тоа, според мене несомнено е воено злосторство” рече Џонсон.

Набљудувачите на 30 септември обвинија дека речиси 10 000 цивили загинале во руските напади во последнава година. Џонсон рече дека Британија и Соединетите Американски Држави разгледуваат различни опции да го зголемат притисокот врз Москва но единственото најсилно оружје што го имале е срамот. Светското расположение за Русија се зацврстува и мислам дека луѓето сега веруваат дека Русија има опасност да стане “отфрлена држава”, рече Џонсон.

XS
SM
MD
LG