Достапни линкови

Папата во посета на Кавказот


Папата Францис одржa голема проповед на стадион во Тбилиси, на вториот ден од неговата викенд посета на Кавказот која е посветена на промовирање на религиозната толеранција и мирот. Во својата беседа денеска папата побара од католиците да пронајдат утеха во Бог.

Грузиската православна црква одлучи да не прати официјална делегација на собирот наведувајќи дека православни верници не може да учествуваат на католички служби. Грузија е претежно православна земја но според Ватикан има околу 2,5 отсто католици.

По неговото пристигнување во Тбилиси Францис се сретна со грузискиот претседател и побара почитување на меѓународното право и правото на сувереност на нациите. На неговата изјава се гледа како на изразувањето на критика кон Русија која има војска во грузиските отцепени региони Абхазија и Јужна Осетија.

Утре папата оди во Баку за да одржи масовна проповед, а потоа ќе го посети споменикот на жртвите загинати за независноста и ќе се сретне со владините лидери. Посетата на Францис во Азербејџан ќе заврши со серија на меѓурелигиски средби, вклучително и со претставник на муслиманите на Кавказот.

XS
SM
MD
LG