Достапни линкови

logo-print

Продолжува собраниската расправа за буџетот за 2017 година


Во матичната собраниска Комисија за финансирање и буџет и денеска продолжи расправата по Предлог буџетот на Република Македонија за 2017 година.

Според предлог вкупните приходи се планирани на ниво од 187,6 милијарди денари што е за 7,6 отсто повеќе во однос на 2016 година. Вкупните расходи се на ниво од 206,22 милијарди денари или за 4,5 проценти повеќе во однос на годинава. Буџетскиот дефицит е предвиден да изнесува 3 проценти од БДП, односно 18,6 милијарди денари.

Предлогот пред членовите во средата, кога и почна расправата, го образложи министерот за финансии Кирил Миновски кој рече дека расправата во Собранието почнува во едни специфични политички околности.

Предлог-буџетот за 2017 година, како што посочи министерот во образложението, се базира на три основни постулати а тоа се развој, кој базира на високиот износ на капитални инвестиции, социјална заштита на најранливите категории граѓани и етапно намалување на буџетскито дефицит за да се постигне фискална консолидација на среден рок.

Според СДСМ буџетот е само обичен список на желби, предизборно додворување на гласачите и желба да се потрошат и земат повеќе пари од самите граѓани и од македонската економија.

Расправата по Предлог - буџетот за 2017 година во Комисијата според Деловникот треба да заврши за 10 дена од денот на нејзиниот почеток.

XS
SM
MD
LG