Достапни линкови

Груевски не ги оправдува ниту Бугарија, ниту Неделковски


Во врска со настаните поврзани со плочата на Кајмакчалан не можам да го оправдам ниту нелегалното поставување на спомен плоча од војници од друга држава кои нелегално ја поминале границата и нелегално поставиле спомен плоча во Македонија, ниту пак начинот на кој новинарот Миленко Неделковски решил индивидуално и со чин кој генерира негативна енергија и омраза да се справи со овој чин, пишува претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски на својот официјален профил на социјалната мрежа Фејсбук.

Претпладнево тој наведе дека доколку Србија има своја спомен плоча на таа локација, не гледал причина ако и Бугарија побара на легален начин поставување на нивна таква плоча да не се дозволи.

“Затоа мислам дека проблемот требаше и треба да се решава институционално, а не на начин кој ќе создаде проблеми, гнев, омраза и меѓусебни обвинувања. Бугарија е наш сосед со кој имаме многу заеднички работи низ историјата и треба да се трудиме историјата да не зближува, а не да не оддалечува”пишува Груевски.

Инцидентот со поставувањето па кршењето на спомен плочата предизвика и државни реакции од Софија.

Според бугарските медиуми Македонија бугарскиот премиер Бојко Борисов на средбата со македонскиот премиер Емил Димитриев во Виена, каде што двајцата учествуваа во разговорите за бегалската криза побарал од него Македонија да преземе мерки против оние кои се подбивале со бугарските споменици на нејзината територија.

XS
SM
MD
LG