Достапни линкови

logo-print

Тензии меѓу Индија и Пакистан


Индија и Пакистан меѓусебно се обвинуваат за прекршување на договорот за прекин на огнот преку демаркациската линија во хималајскиот регион Кашмир.

Пакистанската армија во денешното соопштение наведува дека индиските сили непровоцирани од ништо пукале и гранатирале преку контролната линија. Портпаролот на индиското министерство за одбрана рече дека индиската војска одговорила откако пакистанската пукала преку линијата за демаркацијата.

Тензиите меѓу Индија и Пакистан се појавија откако индиската влада ги обвини милитантите стационирани во Пакистан за напад на војнички капмп во дел од Кашмир кој е под контрола на Њу Делхи во кој загинаа 18 војници.

Индија и Пакистан досега влегоа во три војни откако добија независност од Британија пред седум децении, а две војни беа за регионот Кашмир.

XS
SM
MD
LG