Достапни линкови

logo-print

Уставниот суд на БиХ го укина законскиот основ за празнувањето на Денот на Република Српска


Уставниот суд на Босна и Херцеговина денеска донесе решение со кое е утврдено дека Народното собрание на Република Српска до денеска не ја спровела ланската судска одлука во која е наведено дека одбележувањето на 9 јануари како Ден на Република Српска не е во согласност со Уставот, бидејќи ги дискриминира Хрватите и Бошњаците, кои живеат во тој ентитет. Во соопштението на Судот се наведува дека рокот за спроведување на судската одлука истекол на 25 јули годинава, а бидејќи не е испочитувана, донесено е решение дека „спорната одредба на ентитетскиот закон за празници престанува да важи“, па одбележувањето на 9 јануари веќе нема никаква законска основа.

Одлуката ќе биде доставена до Обвинителството на БиХ и ќе стапи во сила по објавувањето.

Босанските срби неодамна изгласаа на контроверзниот референдум кој се одржа и покрај забраната од Уставниот суд во Сараево, 9 јануари да биде Ден на Република Српска.

XS
SM
MD
LG