Достапни линкови

Советот на Европа ја критикува Романија поради трговија со деца


Во Романија значително е зголемен бројот на деца жртви на трговија со луѓе, се наведува во последниот извештај на Советот на Европа, со кој се бара посебно внимание да се посвети на ромското малцинство и децата мигранти во Романија. Во извештајот, кој го опфаќа периодот меѓу 2011 и 2015 година, се бара од романските власти „да ги интензивираат напорите за спречување на трговијата со деца, посебно на полето на обука на професионалци задолжени за заштита на децата и посветување посебно внимание кон ромската заедница и децата мигранти“.

Над 4 илјади деца се идентификувани како жртви на трговија со луѓе, поточно 54 отсто биле продадени поради сексуално искористување, потоа 34 проценти како работна сила и шест отсто за питачење, се наведува во документот.


XS
SM
MD
LG