Достапни линкови

Поведена првата постапка за неизбалансирано известување против Сител


Првата прекршочна постапка за неизбаласираност во извествувањето на ад хок телото за монитирирање на медиуми е поведена против телевизија Сител. Одлуката е донесена со три гласа „за “ и два „против“. Од ваквиот предлог на ад-хок телото се изземаат двајцата членови кои гласале „против“, Цветин Чилиманов и Слаѓана Димишкова со став дека има, како што велат, значително подобрување во известувањето на медиумот. Тие сметаат дека прекршочната постапка е неоснована и базира на субјективно подготвен извештај од страна на ААВМУ.

Двајцата членови подготвуваат издвоено мислење затоа што со денешната одлука како што велат се покажува дека ад-хок телото трпи директни притисоци и наметнувања ставови од Агенцијата, односно од директорот Зоран Трајчевски кој присуствувал на почетокот на седницата и препорачал казнување на Сител и НОВА Тв.

Од друга страна, пак, за останатите членови кои гласаа за поведување на прекршочна постапка нема ништо спорно во тоа, затоа што начинот на кој известувала оваа телевизија дава доволна основа за таква постапка.




XS
SM
MD
LG