Достапни линкови

Во Турција поради безбедност затворени уште 12 телевизии


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Турските власти денеска наредија затворање на уште 12 телевизиски станици поради „закана по националната безбедност, објави турската новинска агенција Анадолија.

Турција прогласи вонредна состојба по неуспешниот воен удар од 15 јули, по што уследи апсење на повеќе илјади луѓе поради поврзаност со муслиманскиот свештеник Фатулах Ѓулен, кој е осомничен дека го организирал пучот.

Десетини новински куќи „кои се осомничени за поврзаноста со Ѓулен, се затворени, а повеќе десетици новинари и соработници се уапсени.

XS
SM
MD
LG