Достапни линкови

Атина сака да го намали притисокот од бегалците врз грчките острови


Камп Мориа

Камп Мориа

Со цел да го олесни притисокот врз островите во источниот дел на Егејското Mоре, официјална Атина испитувала начини да се овозможи префрлање на бегалци и мигранти во затворени кампови на копното без притоа да го прекрши договорот меѓу Европската унија и Турција за намалување на приливот на бегалци, јави МИА.

Бегалците и мигрантите, кои на грчките острови пристигнале после 20 март не можат да бидат вклучени во програмата за преселба во согласност со одлуката донесена во јуни од страна на Советот за внатрешни работи, изјави шефот на грчката служба за азил Марија Ставропулу за „Катимерини“.

XS
SM
MD
LG