Достапни линкови

Лавров: не кревајте тензии околу Република Српска


Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров му порачал на неговиот германски колега Франк Валтер Штајнмаер дека нема потреба од подгревање на тензиите околу Република Српска. Како што јавува руската новинска агенција ТАСС, Лавров го повикал Штајнмаер да се фокусира врз поттикнување на сите страни во Босна и Херцеговина на конструктивен дијалог. Двајцата дипломати телефонски разговарале за ситуацијата во БиХ по референдумот за Денот на Република Српска одржан на 25 овој месец.

XS
SM
MD
LG