Достапни линкови

Денеска погреб на Шимон Перес


Поранешниот израелски претседател и премиер, добитникот на Нобеловата на града за мир Шимон Перес ќе биде погребан на националните гробишта во Ерусалим. Се очекува на погребот да присуствуваат илјадници луѓе, меѓу кои и повеќемина светски лидери: американскиот претседател Барак Обама, францускиот претседател Франсоа Оланд, германскиот претседател Јоаким Гаук и палестинскиот претседател Махмуд Абас. Се очекува тоа да биде најголем собир во Израел по погребот на премиерот Јицак Рабин кој беше убиен во атентат од еврејски националист во 1995 година. За безбедноста на денешниот погреб се ангажирани 8 илјади полицајци.

XS
SM
MD
LG