Достапни линкови

Во Албанија запленети над три тони марихуана


Припадници на албанската полиција во селото Ребул, кај Мат, вчера заплениле три тони и 132 килограми марихуана. Дрогата била пронајдена во куќа, која служла како магазин, за преработка и пакување на дрогата. Во исто време полицијата отркила и уништила 13.000 стебла марихуана, засадени на неколку парцели. Според Обвинтеството за тешки кривични дела во Тирана, сопственици на дрогата биле полициски службеници. Истите се индетификувани и се трага по нив. Деновиве во село во Ишмит полицијата заплени 300 килограми марихуана во двокатна куќа, која се користела како магазин, за сушење и пакување на дрогата.

XS
SM
MD
LG