Достапни линкови

logo-print

Мустафа: Косово ќе има свој повикувачки број


Косовскиот премиер Иса Мустафа изјави денеска пред пратениците во Парламентот дека Меѓународната унија за телекомуникации, а не Белград, ќе и даде на Приштина меѓународен повикувачки број.

„Меѓународната унија за телекомуникации не го признава Косово, но ние најдовме решение со кое Австрија аплицираше во наша корист. Немаше друго решение, истакна Мустафа.

Според неговите тврдења, Косово ќе биде сопственик на свој повикувачки број.

XS
SM
MD
LG