Достапни линкови

Рим не сака да биде домаќин на Олимпијадата во 2024


Градскиот совет на Рим ја поддржа одлуката на градоначалникот да ја одбие кандидатурата градот да биде домаќин на Олимписките игри во 2024 година. Градоначалничката на главниот град на Италија, Вирџинија Раџи, вели дека се спротивставува на одлуката поради високите трошоци и стравувањата за корупција кои се врзуваат за Олимписките игри. Откако Рим се повлече од играта, остануваат уште Лос Анџелес, Париз и Будимпешта во трка за домаќин на Олимпијадата во 2024 година.

XS
SM
MD
LG