Достапни линкови

logo-print

Потонал чамец со мигранти во близина на Бодрум


Илустрација.

Илустрација.

Најмалку четворица мигранти загинале кога се превртел чамецот со кој се превезувале во близина на Бодрум, југозападниот брег на Турција. На чамецот се превезувале 31 мигрант. По несреќата турската крајбрежна стража спасила четири луѓе, од морето извадиле четири тела, додека 23 мигранти се водат како исчезнати.

Во операцијата на потрага и спасување учествуваат неколку бродови, еден хеликоптер и еден авион.

Повеќе од еден милион мигранти и бегалци пристигнаа во Европа во 2015 година, а речиси 3.800 се удавија во Средоземно Море.

XS
SM
MD
LG