Достапни линкови

Ердоган: На 15 јули ќе се оддава почит на загинатите во обидот за пуч


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека 15 јули ќе биде прогласен за официјален празник во државата како Ден за оддавање почит на загинатите при обидот за преврат. Во обидот за пуч во Турција на 15 јули загинаа речиси 300 луѓе и две илјади беа повредени. Турските власти сметаат дека т.н. Фетулахистичка терористичка организација (ФЕТО) на проповедникот Фетулах Ѓулен кој живее во САД, е одговорна за обидот за пуч.

XS
SM
MD
LG