Достапни линкови

logo-print

Грчко МНР - Македонија води политика на одолговлекување


Министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Попоски и Никос Коѕијас.

Министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Попоски и Никос Коѕијас.

Грчкиот заменик министер за надворешни работи Јанис Аманатидис, одговарајќи на пратенички прашања поврзани со Македонија, рече дека кај „соседот мора да созреат услови за да прифати суштински компромис“. Тој вели дека во моментов, сепак, властите на ПЈРМ продолжуваат да ја следат политиката на одолговлекување. Аманатидис истакна дека нема никакви промени во однос на непризнавањето од грчка страна на македонските пасоши. Тој потсети дека од 2009 година на македонските државјани не им треба Шенген виза за влез во Грција и оти при влез и излез од земјата, граничнаа полиција става печат на посебен лист хартија, а не во македонските пасоши. Таа практика не е промената и ќе остане. Грција не ги признава македонските пасоши, нагласува грчкиот заменик министер за надворешни работи. Според него, ова прашање исто така не е никако поврзано со мерките за градење доверба. Тој нагласува дека мерките за градење доверба не можат да доведат до промена во практика во однос на македонски патни исправи.

XS
SM
MD
LG