Достапни линкови

Спасовски именува 11 нови раководители во МВР


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска именувал нови 11 раководители на организациски единици во МВР, од кои седум во секторите за внатрешни работи и четири во МВР. Смените, како што појасни, се направени во седум сектори за внатрешни работи, Одделот за организиран криминал, Секторот за прикриени операции и на Единицата Алфи. Сменет е началникот на полициската единица Алфи Ивица Анчевски кој е под истрага од СЈО во случајот Тортура за апсењето на лидерот на Обединети за Македонија Љубе Бошкоски. На негово место е назначен Примислав Димовски, кои и претходниот пат кога Спасовски беше на чело на МВР беше началник на оваа едници.

Спасовски вели дека кадровските промени ги направил врз основа на политичкиот договор и измените на Законот за Влада, според кои потребен е потпис и од дополнителниот министер за внатрешни работи Оливер Андонов. Тој појасни дека според Законот може да направи смена на 15 раководни функции и оти по денешните 11 доколку почувствува потреба да ги промени и другите ќе го искористи тоа право.

Дополнителниот заменик министер Олевер Андонов, пак, реагира дека со бесправно и еднострано потпишување на решенијата за распоредување на раководни позиции на 11 лица вработени во МВР, Оливер Спасовски на најдобар начин покажа дека за него не постои Устав и Закон, туку само негов личен интерес и интерес на неговата партија. Според него, меѓу унапредените лица на раководна позиција има и такви против кои се водат дисциплински постапки за грубо кршење на законите. Тој најави тужби и информира дека за новонастанатата ситуација ќе ги извести Владата и претставниците на дипломатскиот кор, пред сè амбасадорите на земјите учеснички во донесувањето и гаранти на Договорот од Пржино.

XS
SM
MD
LG