Достапни линкови

logo-print

Продолжување на вонредната состојба во Турција


Советот за национална безбедност на Турција побара продолжување на вонредната состојба во земјата, што беше воведена пред три месеци, по обидот за преврат од 15 јули. „Решено е на Владата да и се препорача да ја продолжи вонредната состојба за ефикасно да се гарантираат заштитата на нашата демократија, правната држава, како и правата и слободите на нашите граѓани“, се посочува во соопштението на Советот по седницата во претседателската палата во Анкара. Вонредната состојба во земјата Ердоган ја прогласи на 20 јули, кога изјави дека таа на властите ќе им помогне да преземат брзи мерки против одговорните за обидот за преврат. Советот за национална безбедност, исто така, препорача 15 јули секоја година да се одбележува како Ден на демократијата и слободите.

XS
SM
MD
LG