Достапни линкови

Британец обвинет за тероризам за учество во конфликтот во Украина


Илустрација

Илустрација

Британското обвинителство го подигна првото обвинение против еден човек за тероризам поради учество во борбите меѓу проруските сепаратисти и украинските сили во источна Украина. Обвинет е 41-годишниот Бенџамин Стимсон. Полицијата во Манчестер денеска соопшти дека тој е обвинет за намера за извршување терористички акти и подготовки за реализација на оваа намера. Стимсон е во притовор, а пред суд треба да биде изведен на 7 октомври. Британските медиуми пишуваа дека тој се бори на страната на проруските сепаратисти во источна Украина. Во интервју за Би-Би-Си во октомври 2015 година, држејќи пушка во рацете, Стимсон изјави дека „ќе биде подготвен да убива“ ако „неговиот живот е загрозен“. Потоа тој изјави дека новинарот на Би-Би-Си ми рекол да ја држи пушката за време на интервјуто.

XS
SM
MD
LG