Достапни линкови

Русија „разочарана“ од истрагата за соборувањето на малезискиот авион


Русија соопшти дека е „разочарана“ од првичните резултати на меѓународната кривична истрага, кои покажаа дека патничкиот авион на Малезија Ерлајнс над Украина бил соборен од проектил истрелан од територијата под контрола на проруските бунтовници. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова на денешната прес-конференција во Москва рече дека наодите на тимот за заедничка истрага покажуваат дека истрагата била „пристрасна и политички мотивирана“.

Претставувајќи ги првичните наоди претходно денеска, шефот на истрагата и главен јавен обвинител на Холандија, Фред Вестербеке, рече дека истрагата ги отфрлила сите други можни објаснувања за соборувањето на авионот, кога загинаа сите 298 патници и членови на екипажот. Истрагата покажала дека ракетниот систем Бук, со кој бил соборен авионот, бил донесен во Украина од Русија непосредно пред трагедијата и прокриумчарен во Русија кратко потоа.

XS
SM
MD
LG