Достапни линкови

Бугарија од ЕУ добила 220 милиони евра за справување со бегалците


За справување со проблемот со бегалскиот прилив и за заштита на своите граници, Бугарија досега од Европската комисија доби вкупна помош од 220 милиони евра, соопшти денеска бугарската министерка за внатрешни работи Румјана Бачварова. Покрај финансиската помош, ЕУ во Бугарија испрати и 150 припадници на Агенцијата за заштита на надворешните граници на ЕУ - Фронтекс, кои им помагаат на бугарските сили во контрола на границата на земјата кон Турција и Србија.

XS
SM
MD
LG