Достапни линкови

Суспендиран главниот обвинител на БиХ


Главниот обвинител на БиХ, Горан Салиховиќ

Главниот обвинител на БиХ, Горан Салиховиќ

Дисциплинската комисија на Високото обвинителство и Судскиот совет денеска го суспендираше главниот обвинител на БиХ, Горан Салиховиќ.

Тој е суспендиран до завршување на дисципллинска постапка што против него е покрената поради сомневање за злоупотреба на функција и овластувања. Одлуката за суспензија е на барање на Дисциплинската комисија врз основа на тоа што е утврдено дека постојат елементи за незаконска негова постапка во досегашната работа.

Постапката против Салиховиќ е покрената по наводи во медиуми дека тој преку посредник до претседателот на РС, Милорад Додик оддавал податоци за текот на истраги што против него се покренати во државното обвинителство поради сомневање за финансиски малверзации. Еден од посредниците, според медиумите, е новинарот Мато Ѓаковиќ, кој приватно се состанувал со Салиховиќ и потоа податоците од него ги пренесувал до Додик.

Доказ за тоа се телефонски разговори прислушкувани од Државната агенција за истрага и заштита, а еден е објавен во медиумите.

Салиховиќ во понеделникот рече дека Високиот совет сака да го смени поради истрага што ја поркенал против Додик, а во врска со организирањето на референдум за Денот на Република Српска.

XS
SM
MD
LG