Достапни линкови

Уставниот суд се прогласи ненадлежен за Крстот во Бутел


Архивска фотографија: Камп на ДУИ во Скопје, Бутел, на местото каде што требаше да биде поставен 55 метарскиот крст

Архивска фотографија: Камп на ДУИ во Скопје, Бутел, на местото каде што требаше да биде поставен 55 метарскиот крст

Уставниот суд на Република Македонија денеска поради ненадлежност ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста и на законитоста на Одлуката за поставување на крст во општина Бутел. Иницијативата беше поднесена од Движење за реформи - Албанска демократска партија Тетово. Од Судот појаснуваат дека ја отфрлиле иницијативата за Одлуката за поставување урбана опрема во општина Бутел, бидејќи не е општ пропис, туку е врзан за конкретен објект, предмет, односно работа.

Проектот за поставување на крстот е на Светскиот македонски конгрес.

XS
SM
MD
LG