Достапни линкови

Малезискиот авион над Украина соборен од руски „Бук“


Меѓународната кривична истрага утврди дека патничкиот авион на Малезија Ерлајнс бил соборен над Украина во 2014 година од ракета истрелана од руски ракетен систем „Бук“ кој од Русија бил донесен на територија под контрола на проруските бунтовници во источна Украина. Ова се наведува во извешатјот на Заедничкиот истражен тим објавен денеска. Според истрагата, веднаш откако било стрелано од системот тој повторно бил вратен во Русија. Официјална Москва отфрла секаква вмешаност во инцидентот во кој загинаа сите 298 патници и членови на екипажот на авионот кој бил на лет од Амстердам до Куала Лумпур.

XS
SM
MD
LG