Достапни линкови

Кристалина Георгиева нов кандидат на Бугарија за ГС на ОН


Кристалина Георгиева

Кристалина Георгиева

Бугарија го менува својот кандидат за генерален секретар на Обединетите нации Ирина Бокова со Кристалина Георгиева, изјави министерот за надворешни работи Даниел Митов. Претходно, бугарскиот премиер Бојко Борисов изјави дека Ирина Бокова била номирана за генерален секретар на ОН во последните денови од кабинетот на претходниот премиер Пламен Орешански, а владата на Борисов потоа ја прифатила таа одлука и официјално ја номинирала Бокова и покрај бројните реакции од влијателни западни земји дека нејзината кандидатура е неприфатлива. Бокова е генерален директор на УНЕСКО, а Георгиева е актуелен потпретседател на Европската комисија.

XS
SM
MD
LG