Достапни линкови

Во Турција над 32 илјади уапсени за поврзаност со Ѓулен


Министерот за правда Бекир Боздаг

Министерот за правда Бекир Боздаг

Во Турција се уапсени над 32 илјади луѓе под сомневање дека биле поврзани со турскиот свешетник Фетула Ѓулен кого Анакара го обвинува за обидот за државен удар на 15 јули годинава. Министерот за правда Бекир Боздаг денеска изјави дека 70 илјади лица се под истрага, додека над 32 илјади од нив се во притвор. „Процесот е во тек“, рече тој. Претходно, турската влада соопшти дека околу биле уапсени 10 илјади луѓе. Ѓулен кој живее во егзил во САД отфрла секаква вклученост во обидот за државен удар. Боздаг додаде дека Вашингтон и порачал на Анкара дека наскоро ќе одговори на нејзиното барање за екстрадиција на Ѓулен.

XS
SM
MD
LG