Достапни линкови

Земјотрес на грчкиот остров Родос


Умерен земјотрес е регистриран синоќа пред полноќ во поморскиот регион на грчкиот остров Родос, јавија грчките медиуми. Атинскиот сеизмички институт соопшти дрека земјотресот бил со интензитет од 5,1 степен според Рихтеровата скала. Потресот бил почувствуван на територијата на целиот острот, а исто така и на околните острови. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 56 километри. Нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

XS
SM
MD
LG