Достапни линкови

Почина екс претседателот на Израел Шимон Перес


Поранешниот израелски претседател и добитник на Нобеловата на града за мир Шимон Перес почина денеска на 93 годишна возраст, по претрпен мозочен удар. Тој беше еден од најпочитуваните лидери во Израел и во светот. Во неговата седум децениска политичка кариера тој беше скоро на сите главни функции во земјата. Тој ја водеше земјата низ најважните моменти на Израел, од создавањето на нуклеарниот арсенал во 50 години на минатиот век до мировните преговори со палестинците за што ја доби Нобеловата награда за мир во 1994 година.

XS
SM
MD
LG