Достапни линкови

logo-print

Додик: Ќе се појавам на сослушување, но не во Сараево


Претседателот на Република Српска, Милорад Додик денеска на прес конференција рече дека нема да се јави на повикот за сослушување во Државното обвинителство во Сараево кое му е упатено во својство на сведок.Тој нагласи дека нема да оди во Обвинителството на Сараево, но ќе се согласи да биде сослушан во секоја друга правосудна институција на територија на Република Српска.

Додик нагласи дека по добиените закани од бошњачкиот член на Претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ дека ќе ја има судбината на Моамер Гадафи, Садам Хусеин или Слободан Милошевиќ, не сака да го ризикува својот живот со заминување во Сараево.

Претседателот на Република Српска објасни дека заканата од Изетбеговиќ ја протолкувал како порака до сите екстремистички групи во БиХ и повик за негова ликвидација.

XS
SM
MD
LG