Достапни линкови

logo-print

Иран и Саудиска Арабија без договор за нафтата


Иран и Саудиска Арабија ја намалија надежта за постигнување договор неделава со кој би се зголемила цената на нафтата преку замрзнување на производството. Иранскиот министер за нафта Биџан Занганех по неформалниот состанок во Алжир на Организацијата на земји извознички на нафта ОПЕК рече дека тоа била само консултативна средба.

Занганех рече дека одлуката би требала да биде преземена на идниот состанок на ОПЕК кој треба да се одржи во ноември во Виена. Саудискиот министер за енергетика Калид ал-Фалих рече дека состанок бил можност да се консултираат со сите останати.

Иран инсистира да не го ограничи своето производство додека не стигне на нивото пред меѓународните санкции воспоставени против Техеран поради неговата нуклеарна програма. Русија и заливски земји разгораат со Иран во обид да постигнат договор.




XS
SM
MD
LG