Достапни линкови

Ахмадинеџад потврди дека нема да се кандидира за претседател


Поранешниот ирански претседател Махмуд Ахмадинеџад соопшти дека нема да се кандидира на претседателските избори во Иран кои треба да се одржат идната година. Ова соопштение следува ден откако иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хаменеи му рекол на Ахмадинеџад да не се кандидира.

Поранешниот ирански претседател ова го наведе во писмо до Хаменеи објавено денеска во иранските медиуми. Во него тој потврдува дека ајатолахот му рекол дека не е во интерес на земјата повторно да се натпреварува за претседателската функција.

Конзервативниот Ахмадинеџад прво беше избран за претседател во 2005 година, а потоа и во 2009 година. По неколкуте говори минатите месеци се проширија гласините дека можно е да се кандидира повторно за претседател. Ајатолахот Хаменеи го има последниот збор за сите државни прашања во исламската република.

XS
SM
MD
LG