Достапни линкови

logo-print

ВМРО-ДПМНЕ:Наумов ја манипулира јавноста


ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на соопштението на дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов наведуваат дека тој измислувал црни сценарија и се обидувал да ја манипулира јавноста.

„Светска банка јасно и недвосмислено посочи дека успорувањето на економскиот раст, странските инвестиции, а со тоа и зголемување на буџетскиот дефицит со цел да се задржи растот, се директна последица на политичката криза која во Македонија ја создадоа аболицираниот криминалец Зоран Заев и СДСМ“ стои во соопштението.

Од владејачката партија наведуваат и дека и покрај политичката криза Светската банка оцени дека нивото на раст на Македонија е за респект во Европа, како и дека нејзиниот потенцијал е многу поголем и ќе се реализира по завршување на политичката криза.

XS
SM
MD
LG