Достапни линкови

Авганистански војници убиени во „внатрешен напад“


Тринаесет авганистански војници се убиени додека спиеле наводно од нивни соборци со сомнителни врски со Талибанците во последниот таканаречен внатрешен напад во земјата. Висок полициски офицер во северниот град Кундуз денеска рече дека двајца војници ја напуштиле станицата и им се придружиле на бунтовниците во ноќниот напад.

Талибанците преку соопштение ја преземаа одговорноста за нападот наведувајќи дека го преземале и целото оружје од станицата. Објектот беше една од позициите за заштита на Кундуз кој беше заземан од Талибанците минатата година. Тоа беше и првпат главен град да биде заземен од Талибанците откако тие беа протерани од власт во 2001 година.

Таканаречените внатрешни напади се случуваат и кај авганистанските и кај странските војници, а го намалуваат нивниот морал и ја зголемуваат меѓусебната недоверба во безбедносните сили.

XS
SM
MD
LG