Достапни линкови

Случајот „Тенковски делови“ се враќа во Кривичниот суд


Врховниот суд на Република Македонија до Основен суд Скопје 1 Скопје ја доставил пресудата за осудените Т.К. и В.Б. кои се опфатени во предметот во јавноста познат како „Тенковски делови“ во која стои дека нивните барања за вонредно преиспитување на правосилната одлука, поднесени преку нивните бранители, се уважени, соопштија попладнево од Основниот суд.

Во соопштението наведуваат и дека предметот се враќа на повторно судење пред првостепениот суд.

Во случајот наречен „Тенковски делови“ меѓу обвинетите се и тогашниот министер за одбрана и поранешен премиер Владо Бучковски и поранешниот началник на Генералштабот на АРМ, Методи Стамболиски. Овој предмет, кој е отворен пред девет години, по трет пат се враќа во скопскиот кривичен суд.

XS
SM
MD
LG