Достапни линкови

Во Москва приведен демонстрант против Путин


Познатиот демонстрант против рускиот претседател Владимир Путин, Роман Рословцев повторно е притворен во Москва додека протестирал сам. Полицијата го притвори Рословцев денеска откако на Црвениот плоштад во Москва се појавил со транспарент на кој пишувало „Не се плашам од 212.1!“.

Бројката го означува членот од рускиот кривичен законик според кој луѓето може да бидат осудени на повеќе од пет години затвор за учество во повеќе од два недозволени јавни настани во 180 последователни дена.

Рословцев стана познат откако сам протестираше носејќи маска со ликот на Путин. Во август медиумите јавија дека тој барал политички азил во Украина, но подоцна тој рече дека се уште немал испратено официјално барање.

XS
SM
MD
LG