Достапни линкови

Наумов - Извештајот на Светска банка е загрижувачки


Дополнителниот заменик-министер за финансии Кире Наумов во соопштение наведува дека податоците во Извештајот на Светска банка се загрижувачки, ако се земе предвид предупредувањето од ММФ дека Македонија не смее да го покачи јавниот долг над 50 отсто од БДП бидејќи ќе има проблеми со сервисирањето на долговите.

"Загриженоста што ја изрази Светска банка за темпото на задолжувања во Македонија и за висината на јавниот долг е потврда на нашите предупредувања", наведува Наумов и додава дека досегашната пракса на задолжувања, негативно се одразува на економијата.

Како што додава Светска банка во Извештајот потврдува дека јавниот долг за 2016 година изнесува 50 проценти и предупредува дека дефицитот од 3,4 проценти покажува дека се носат неразвојни буџети за економијата.

Според него, потребна е власт која ќе работи домаќински, а прв чекор во таа насока мора да биде носење развоен и транспарентен Буџет за 2017 година.

XS
SM
MD
LG