Достапни линкови

Анонимно пријавување нерегуларности на изборниот процес


Александар Кирацовски

Александар Кирацовски

Сите вработени во јавниот сектор ќе можат јавно или анонимно да пријават проблем, злоупотреби, неправилности и нерегуларности поврзани со изборниот процес, но и да се информираат за сите прашања поврзани со работата преку веб страницата dzm-mioa.mk, најави денеска дополнителниот заменик на министер за информатичко општество и администрација Александар Кирацовски.

- Сите заедно мора да направиме се предвремените парламентарни избори закажани за 11. декември да го отсликаат реалното расположение на граѓаните. За таа цел, цврсто сум решен да ги заштитам вработените во државната и во јавната администрација од притисоците, уцените, заканите што се вршат врз нив. Порачувам на секој кој има намера тоа да го прави, да не се осмели, бидејки кривично ќе одговара, порача Кирацовски.

XS
SM
MD
LG