Достапни линкови

Одложена седницата на Комисијата за политички систем


Претседателот на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците Влатко Ѓорчев ја одложи седницата која беше закажана за 12 часот и на која требаше да се разгледува Извештајот за работата на СЈО во изминатите 6 месеци. Како што рече, седницата ја одлага за утре во 11 часот, поради неприсуството на предлагачот на извештајот.

Инаку, Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева вчера ја напушти комисиската расправа за извештајот на работата на СЈО и изјави дека не се враќа повеќе на расправата, оти, како што рече, ова што и го прават пратениците е мобинг. Таа додаде дека ќе се појави само на Пленарна седница во Собранието на која ќе се разгледува извeштајот за работата на Обвинителството.

XS
SM
MD
LG