Достапни линкови

Турската влада отпушта членови на Агенцијата за безбедност


Премиерот Бинали Јилдирим

Премиерот Бинали Јилдирим

Турската влада, како што јави државната новинската агенција, отпушти 87 членови на Агенцијата за државна безбедност, во рамките на острите мерки по неуспешниот обид за државен удар во јули.

Според Анадолија, 87 функционери на МИТ се отпуштени поради сомневање за врски со свештеникот Фетулах Ѓулен, кој живее во САД и кој од Анкара е обвинет за организирање обид за државен удар. Ѓулен негира вмешаност.

Исто така, денеска Анкара издаде налози за апсење на 121 вработен на хуманитарната организација Kимсе Јок Му, поврзана со Ѓулен. Владата досега уапси над 40.000 луѓе под сомнение за поврзаност со државниот удар и избрка од работа десетици илјади луѓе од работа.

XS
SM
MD
LG