Достапни линкови

logo-print

Над 90 насто од светската популација дише загаден воздух


Светската здравствена организација соопшти дека 92 насто од населението во светот живее во области каде што загадувањето на воздухот е над дозволените граници.

Според извештајот на СЗО тоа придонесува за здравствени проблеми како срцеви болести и рак на белите дробови. Еден во девет смртни случаи на глобално ниво можат да бидат поврзани со загадувањето на воздухот се наведува во извештајот.

Извештајот се базира врз нови сателитски мерења на загадувањето на околу 3.000 локации низ светот. Југоисточна Азија, источниот Медитеран, и западниот Пацифик се најпроблематичните области.

XS
SM
MD
LG