Достапни линкови

logo-print

Претседателот на Азербејџан добива поголема моќ


Илхам Алиев

Илхам Алиев

Над 90 насто од азербејџанците со право на глас на вчерашниот референдум го поддржаа продолжувањето на претседателскиот мандат од пет на седум години, соопшти Централната изборна комисја во Баку. Со тоа му се овозможува на сегашниот претседател Илхам Алиев кој е на власт од 2003 година да остане на функцијата до 2020, наместо до 2018 година. Референдумот наиде на критики од меѓународната заедница со забелешки дека на таков начин се цементира владеењето на семејството на Алиев.

XS
SM
MD
LG