Достапни линкови

logo-print

Во Албанија голема воена вежба


Повеќе од 1.700 војници на албанската армија, на САД, Велика Британија, Италија, Косово и Црна Гора,во Албанија почнаа голема воена вежба. Таа ќе трае десет дена и се спровдува во осум локации во Албанија. „Седум години сме во НАТО, но ова е првпат ние да организираме во нашата земја воена вежба од вакви размери“, изјави Јероним Базо, началник на Генералштабот на албанската армија. За министерката за одбрана, Мими Кодели, вежбата е во служба на заедничкото делување и придонес и зголемување на соработката и довербата межу државите.

XS
SM
MD
LG