Достапни линкови

Хрватска смета дека референдумот во РС ќе го дестабилизира регионот


Хрватското Министерство за надворешни работи оцени дека референдумот во Република Српска има потенцијал да ја дестабилизира Босна и Херцеговина и поширокото подрачје на Југоисточна Европа. Министерството соопшти дека Хрватска како потписничка на Дејтонскиот договор за мир во БиХ го смета референдумот во РС за неприфатливи оти е одржан спротивно на одлуката на Уставниот суд на БиХ.

Станува збор за неодговорен чин кој има потенцијал да ја дестабилизира БиХ и поширокото подрачје на Југоисточна Европа, се вели во соопштението на хрватското МНР. Исто така се додава и дека Хрватска се залага за „одржливост, целовитост, територијален интегритет и суверенитет на БиХ, во кој сите три народи се уставотворни и рамноправни“. Хрватска на Хрватите во БиХ им гарантира и ќе им гарантира, согласно својот Устав, лична заштита, додава хрватското МНР.

XS
SM
MD
LG