Достапни линкови

Почна собирот за поддршка на СЈО


Пред Собранието на РМ почна собирот за поддршка на СЈО, во организација на Шарената револуција. „Периодов во Собранието и по медиумите под контрола на обвинетиот Груевски можеме да забележиме вистински линч и пропаганда против Катица Јанева и целото СЈО“, наведоа од Шарената револуција во повикот за овој собир. Од таму додадоа дека на обвинителството повторно му е потребна помош, бидејќи не смеело да се дозволи режимот да помисли оти оваа институција барем за момент е без силната, здружена и одлучна поддршка на граѓаните.

XS
SM
MD
LG