Достапни линкови

Јанева се пожали на мобинг и ја напушти комисиската расправа


Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева ја напушти комисиската расправа за извештајот на работата на СЈО и рече дека не се враќа повеќе на расправата, оти, како што рече, ова што и го прават пратениците е мобинг. Таа рече дека ќе се појави само на Пленарна седница во Собранието на која ќе се разгледува извeштајот за работата на Обвинителството. Ова е четврти ден како таа им одговара на пратениците во Комисијата за политички систем.

„Ако останам жива ќе го коментирам извештајот на седница“, рече на шега Катица Јанева по маратонскиот говор на пратеничката Владанка Авировиќ од час и половина. Па потоа и репликата на Авировиќ и траеше 20 минути. Откако тие влегоа во расправа за ангажманот на Мирослав Грчев како експерт во СЈО, Јанева рече дека во неколку наврати веќе образложиле дека Грчев е ангажиран од страна на Архитектонскиот факултет, а не од СЈО, по што Јанева реши да ја напушти седницата. Јанева претходно рече дека извештајот е слика за работата на СЈО и дека досега никој обвинител не образложувал извештај на ваков начин, како што го образложуваше таа изминатите денови. Обвинителката рече дека ќе се изборат со сите опструкции што им ги прават.


XS
SM
MD
LG