Достапни линкови

„За„ и „против“ СЈО и на социјалните мрежи


„За да не го видиме коефициентот и слушнеме вокабуларот на самобендисаните‟

Фановите на РСЕ на нашата Фејсбук страница реагираат дури и на работи што се случуваат или се случиле со илјадници километри далеку од нас. За тоа дека во Туркменистан е изграден мегаломански аеродром што наликува на гигантски сокол, Петар Арапиновски напишал: „Не давајте вакви написи, нашиве ќе добијат идеја‟, а Влатко Секулоски постирал кратко и јасно: „100% диктатура!‟ Но Коста Лакордов се јавил со спротивно мислење: „И тука диктатура ќе има, зашто и тука луѓето живеат, создаваат и кај е да е ќе се јават светските плукачи и борците за човекови права во име на хохштаплерско-рекетарската демократија и ќе им го уништат тоа што се создавало со децении....‟ и така натаму.

Што се однесува на постовите во врска со нашата актуелна стварност, , која обелодени дека Основниот суд Скопје 1, на пример, цели шест месеци одбивал да ги достави доказите за случајот Пуч. Славчо Стефанов, со недоличен речник, прашува уште колку време ќе ѝ требало на Јанева да дознае кој ѝ ги доставил прислушуваните материјали и да го прашала тој што ѝ ги доставил, на што Младен Марковиќ постирал: „Те читам затоа што сакам да видам колку може човек да падне на самото дно. Чиповите на водачот се јаки! Прашај го водачот зошто е уништена опрема од 10 милиони евра народни пари!...‟ Зоран Манасков го прашува Славчо во кој подрум му го заборавиле мозокот во тегла, а Ванчо Дојранлиев вели: „Точно, судиите кои се корумпирани и прават сопки – сите во Идризово!‟Кирил-Кико Пировски смета дека пратениците од владејачката партија ја напаѓаат Јанева затоа што „Сите се длабоко заглибени во криминал‟ и упатува зборови на поддршка до СЈО. Младен Марковиќ, пак, постирал прашање: „Да можеше водачот да ја стави Јанева под свое и да ѝ вградеше чип како на ДПМНЕ-овците како ќе течеше оваа расправа и дали ќе имаше толку нервоза од страна на владејачката партија?‟

За тоа дека РСЕ го прекина директниот пренос од комисиската расправа по налог на собраниските служби, и зошто е забранет преносот, Мара Столеска одговара: „Нема кој да даде одговор освен народот...‟, а Баерн Муник додава: „Тоа е сè благодарение на народот кој 25 години им робува на политичарите и не размислува со своја глава‟. Драги Арабаџиев дава свој одговор: „За да не го видиме коефициентот и слушнеме вокабуларот на самобендисаните‟, при што веројатно алудира на Милошоски кој праша колкав бил коефициентот на интелигенција на Јанева штом се зафатила со оваа работа. Откако пратеникот Муковски од владејачката партија јавно се извини што гласал за Јанева , Владимир Патчев постирал: „Фала Крсто...Фала. Јас се извинувам на цело човештво што постои човек како Крсто Мукоски...‟

Владимир Јовановски прашува зошто сите овие препукувања и сопки кога ВМРО му даде целосна поддршка на СЈО на чело со Јанева, а Жарко Ангеловски го постирал видеото со изјавата на Груевски во кое за Јанева кажува дека е висок професионалец, образована и стабилна и дека ја има целосната поддршка од неговата партија за да си ја заврши работата.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG