Достапни линкови

Оланд бара отстранување на бегалскиот камп кај Кале


Францускиот претседател Франсоа Оланд при својата прва посета на Кале изјави дека целосно и дефинитивно треба да биде отстранет дивиот бегалски камп во кој се сместени околу 10 илјади луѓе. Тој ги повика британците да го преземат нивниот дел од одговорноста во решавањето на овој проблем. Имено, повеќето бегалци од Сирија и Африка чекаат во Кале во надеж дека ќе можат да влезат во Британија. „Со тоа што Британија донесе одлука да ја напушти ЕУ таа не е ослободена од обврските во однос на Франција“, рече Оланд.

XS
SM
MD
LG