Достапни линкови

logo-print

Продолжува дебатата во Собранието за извештајот на СЈО


Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска треба да ја продолжи расправата за Извештајот за активностите на Специјалното јавно обвинителство за периодот од 15 март до 15 септември годинава. На дневен ред на Комисијата е и Годишниот извештај за работата на Јавните обвинителства во Република Македонија за 2015 година. Комисиската расправа за Извештајот на СЈО почна во средата минатата недела. Извештаите на СЈО и на Јавните обвинителства се на дневен ред и на закажаната за денеска напладне 120 пленарна седница. Во Парламентот за денеска се закажани и седници на Комисијата за финансирање и буџет, на Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија и на Законодавно-правната комисија.

XS
SM
MD
LG